Top Sport

Далас не можат без Дончиќ, Ирвинг го победи Чикаго (Видео)

Ѕвездата на Бруклин Нетс Кајри Ирвинг блескаше измината ноќ во НБА лигата. Со беспрекорен шут тој го предводеше својот тим до победата над Чикаго Булс 133.118. Далас Маверикс во дербиот на Тексас беа поразени во Хјустон 128:121.

Кајри Ирвинг одигра речиси совршен натпревар против Чикаго. Тој имаше шут од поле 19/23, а мечот го заврши со 54 поени и по пет скока и асистенции. Подршка доби и од Спенсер Динвиди (20 поени, седум асистенции).

Далас без Лука Дончиќ не успеаја да ги изненадат Хјустон Рокетс. Третата четвртина беше клучна за конечниот победник. Хјустон во тогаш стекнаа предност од 17 поени.

Џејмс Харден (35 поени, 16 скока, шест асистенции) и Расел Вестбрук (32 поени, девет скока, шест асистенции) беа нерешиви загатки за кошаркарите на Далас.

Во отсуство на Дончиќ Далас го предводеше Кристапс Прозингинс, со сезонски рекорд од 35 поени.

Резултати:

Детриот-Торонто 92:105
Њу Орлеанс-Мемфис 139:111
Милвоки-Денвер 115:127
Финикс-Оклахома 107:111
Ле Лејкерс-Портланд 119:127

Scroll to Top