Натпреварот од хрватската кошаркарска лига помеѓу Сплит и Задар имаше шокантна завршница откако натпреварот, во кој Задар победи со 88:102, беше завршен со само осум кошаркари откако другите беа исклучени по масовната тепачка.
Во моментите кога Задар водеше со убедливи 97:66, Американецот Ноулс го нокаутираше играчот на Сплит, Калајџиќ. Играчите на Задар спречија поголема тепачка, откако сите играчи на Сплит се залетаа кон Ноулс.
По ова следуваше подолга пауза, судиите ги прегледуваа снимките и се консултираа, за на крајот да ги исклучат речиси сите играчи, а натпреварот продолжи со форматот четири-на-четири.