Новото засилување за белградски Партизан, кошаркарот кој беше дел од Црвена Звезда Немања Дангубиќ крена многу прашина во соседна Србија.
Крилниот кошаркар по две години се враќа да настапува во татковината откако во минатото 4 години го носеше „црвено-белиот“ дрес.
По потпишувањето на договорот со Партизан, Дангубиќ првпат го облече дресот на новиот клуб, и фотографијата ја објави на Инстаграм.
„Ново поглавје“ – напиша под фотката.
Коментарите од навивачите на Партизан беа позитивни, но дел од неговите соиграчи од Црвена Звезда, со зајадливи коментари.
„По 9 златни, ти недостасува и малку сребро“ му напиша Марко Кешељ, алудирајќи на деветте трофеи што Дангубиќ ги освои со Звезда.