Top Sport

Датоме од Фенербахче се заљубил во Евролигата поради Бодирога

Кошаркарската Евролига на својот Твитер профил постави прашање – „Поради кој играч се заљубивте во Евролигата?“

Меѓу првите кои дадоа одговор, беше италијанскиот кошаркар од редовите на турски Фенербахче, Луиџи Датоме. Тој напиша – Бодирога (екс-српскиот кошаркар Дејан Бодирога).

Датоме постави емотикон со раце како се поклонуваат, алудирајќи на се што направил за кошарката југословенскиот кошаркар кој своевремено играше за Олимпија, Реал Мадрид, Панатинаикос и Барселона.

Бодирога трофејот во Евролигата го освои трипати, со Панатинаикос во 2000 и 2002 година и со Барселона во 2003 година.

Scroll to Top