Top Sport

Давитков го скрати списокот за Словачка

Селекторот на националната селекција во машка сениорска конкуренција, Јорданчо Давитков, го скрати списокот на кошаркари повикани за претојниот натпревар против Словачка во претквалификациите за Евробаскет 2021. На списокот на Давитков остнаа 16 имиња, а од странците остана Ричард Хендрикс.

Првиот собир, сениорите ќе го одржат в среда (21. февруари) во спортскиот центар „Јане Сандански“ во 17:00 часот. Во истата сала, в недела (25. февруари) со почеток во 20:15 часот кошаркарите ќе го одиграат третиот натпревар од првата рунда во рамки на претквалификациите.

Макеодонија првиот натпревар, одигран во ноември минатата година во Словачка, го доби со 74:66.

Списокот на Давитков за дуелот со Словачка:

1. Војдан Стојановски (Демир Инсаат Бујукчекмеџе)
2.Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
3. Александар Костоски (БЦМУ Питешти)
4. Дарко Соколов (МЗТ Скопје Аеродром)
5. Адем Мекиќ (Куманово)
6 Бобан Стајиќ (Куманово)
7. Андреј Магдевски (Гостивар)
8. Ненад Димитријевиќ (Хувентуд)
9. Димитар Караџовски (Куманово)
10. Стојан Ѓуроски (Блокотехна)
11. Бојан Трајковски (МЗТ Скопје Аеродром)
12. Кирил Николовски (Работнички)
13. Љубомир Младеновски (Илирија Љубљана)
14. Бојан Крстевски (Работнички) 15. Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)
16. Ричард Хендрикс (Галатасарај)

Scroll to Top