Top Sport

Дебакл на Кливленд, Харден го среди Денвер (Видео)

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс забележаа убедлива победа во Охајо против Кливленд Кавалирс 110:94, додека лидерот во шампионатот Хјустон Рокетс во неизвесен меч славеше над Денвер Нагетс 119:114.

Сан Антонио лесно го доби дуелот на третопласираните екипи во своите конференции. Спарси кои играат без својот најдобар кошаркар Каваи Ленард, со тимска игра го победи веицешампионот.

Ламаркус Олдриџ постигна 29 поени и предводеше група на уште шестмина играчи кои постигнаа двоцифрен број на поени. Одличен меч одигра Дени Грин (22 поени), а Дежунте имаше учинок од 13 поени, 9 скока, 5 асистенции и 4 украдени топки.

Кливленд не успеа да се справи со Спарс иако Леброн Џејмс беше на чекор до нов трипл-дабл. Најдобриот играч на Кавалирс мечот го заврши со 33 поени, 13 скока и 9 асистенции.

Хјустон стави крај на серијата од четири победи во која се наоѓаше тимот на Денвер. Рокитс славеа 119:114 благодарение на Џејмс Харден кој постигна 41 поен.

Харден со својата игра го поништит ефектот на Никола Јокиќ на спротивната страна. Српскиот центар мечот го заврши со 21 поен, 14 скока, 8 асистенции и по една блокада и украдена топка.

Хјустон е лидер на Западот и воопшто во лигата со 46 поебди и 13 порази. Рокетс имаат пораз помалку од актуелните шампиони Голден Стејт Вориорс.

Scroll to Top