Top Sport

Дебакл на Кливленд во Минеаполис, трипл-дабл на Јокиќ (Видео)

Минесота Тимбервулвс го декласира вицепрвакот во НБА лигата, Кливленд Кавалирс, 127:99.

Минесота го одигра најдобриот меч од почетокот на сезоната, во раната фаза Ендрју Вигинс и соиграчите стекнаа двоцифрена предност, која потоа само ја зголемуваа. Во еден дел од мечот Минесота имаше предност од 41 поен (96:55).

Вигинс постигна 25 поени, а Џими Батлер имаше учинок од 21 поен, 8 скока, 9 асистенции и 3 украдени топки.

Кај Кливленд најефикасни беа Џеф Грин со 22 и Кајл Корвер со 19 поени. Лидерот на Кливленд, Леброн Џејмс го одигра најлошиот меч сезонава, постигна само 10 поени.

Голден Стејт Вориорс, без Кевин Дурент, славеше во дуелот со Денвер Нагетс 124:114. Стеф Кари постигна 32 поени, а Дрејмод Грин забележа 23 поени, 5 скока и 10 асистенции.

Сепак ѕвезда на вечерва беше Србинот Никола Јокиќ кој го запиша првиот трил-дабл сезонава. Тој го предводеше Денвер со 22 поени, 12 скока и 11 асистенции.

Резултати:

Индијана Пејсерс-Милвоки Бакс 109:96
Бруклин-Торонто 113:114
Чикаго Билс- Хјустон Рокетс 107:116
Њу Орлеанс Пеликанс-Детроит Пистонс 112:109
Сакраменто Кингс-Сан Антонио Спарс 100:107
ЛА Клиперс-Атланта Хокс 108:107.

Scroll to Top