ЛА Клиперс убедливо славеа во градскиот дуел со ЛА Лејкерс 104:86. Без Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, Лејкерси не успеаја да им пружат никаков отпор на Клиперс.
Клиперси имаа предност од 7 поени по првата четвртина, на полувреме водеа со разлика од 15 поени, а во последната четвртина влегоа со плус од 22 поени.
Маркус Морис беше најефикасен со 22 поени. Уште тројца играчи на Клиперси постигнаа двоцифрен број на поени. Поранешниот играч на Клиперси, Монтрез Херел со 19 поени беше најефикасен во редовите на актуелните шампиони.
Атланта Хокс забележаа победа 117:111 во дуелот со Голден стејт Ворирос. Во текот на целиот меч доминираше Стеф Кари, но самиот не можеше да спречи нов пораз на Вориорс. Кари мечот го заврши со 27 поени. Кај Атланта се истакна Клинт Капела со 24 поени и 18 скокови, повеќе повеќе постигна Данило Галинари.
Филаделфија без најдобриот играч Џоел Ембид, не успеа да ги победи Мемфис Гризлис (100:116). Мемфис одлично шутираа за три поени, погодија 18 тројки од 38 обиди. Арон Брукс постигна 17, а Јонас Валанчунас 16 поени за Гризлите. Филаделфија ја предводеше Тобајас Херис со 21 поен.
Бостон Селтикс ги декласираа Шарлот Хорнетс со 116:86. Селтикс во првото полувреме ја завршија работата кога создадоа предност од 15 поени. Џејсон Тејтум со 22 и Еван Фурние со 17 поени беа најефикасни кај победниците, додека Шарлот го предводеше поранешниот играч на Бостон, Тери Розир со 22 поени.