Тренерот на Бостон Селтикс Бред Стивенс бил импресиониран од својот плејмејкер Карсен Едвардс. Бостон во подготвителниот период славеа над Кливленд Кавалирс (118:95), а мечот го обележа дебитантот Едвардс.
Плејмејкерот висок 183 сантиметри во третата четвртина го затрупа кошот на Квалирс со 26 поени. Неверојатно звучи податокот дека 21 годишниот играч за пет минути постигнал осум тројки.
Едвардс натпреварот го завршил со 30 поени.
„Никогаш не сум видел нешто вакво. Навистина е посебен“, рекол тренерот на Селтикс.
Инаку само Клеј Томпсон има постигнато повеќе тројки во една четвртина од Едвардс. Томпсон на мечот против Сакраменто на 23 јануари 2015 година постигнал девет тројки.