Кошаркарскиот клуб Армани од Милано ги подготви првите засилувања за следната сезона. Од наредната сезона во градот на модата ќе играат Брендон Дејвис и Јоханес Војтман. Според италијанските медиуми тие наскоро ќе официјализираат соработката со италијанскиот клуб.
Како што се пишуваше претходните денови, Брендон Дејвис не сака да ја продолжи соработката со Барселона, а како епилог на тоа пристигна информација дека тој се сели во Милано.
Поради тоа Барселона се активираше во потрагата по нов центар, прв пик е играчот на Фенербахче, Јан Весели.
Покрај Дејвис, нов играч на Милано најверојатно ќе биде Јоханес Војтман, кој минатата година потпиша двегодишен договор со ЦСКА.
Сепак, поради целата ситуација околу војната меѓу Русија и Украина, која резултираше со исфрлање на руските клубови од европските натпреварувања, тешко дека Воjтман следната сезона ќе ги брани боите на ЦСКА.