Top Sport

Денвер повторно ги победија ЛА Лејкерс, Мело дебитираше за Хјустон (Видео)

Денвер Нагетс запишаа уште една победа над ЛА Лејкерс во претсезоната. Натпреварот се одигра во Лос Анџелес, а Нагетс славеа со 113:111.

Дуелот го обележа центарот на Денвер, Мејсон Пламли кој без промашување од поле (11/11), постигна 23 поени. Србинот Никола Јокиќ имаше учинок од 20 поени, шест скока и четири асистенции.

За Лејкерс, Леброн Џејмс одигра 14 минути и постигна 13 поени. Најефикасен кај „езерџиите“ беше Џавал Мекги со 15 поени.

Кармело Ентони го имаше своето деби во дресот на Хјустон. Мело во својот прв натпревар по доаѓањето од Оклахома постигна 13 поени, а Хјустон го декласира Мемфис со 131:115.

Јута забележа победа во дуелот со Торонто 105:90. Австралиецот Џо Инглс со 24 поени ја предводеше Јута, додека на другата страна се истакна Каваи Ленард со 17 поени.

Во репризата на минато сезонското финале на Истокот, Кливленд го надигра Бостон со 102:95. Кевин лав уфрли 17 поени за победниците, а кај Бостон најпрецизен беше Маркус Смарт со 15 поени.

Scroll to Top