Бекот на Торонто Репторс Демар Дерозан ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата. Дерозан постигна 52 поени во победата на Репторс над Милвоки Бакс 131:127 и постави нов рекорд на франшизата. Покрај Торонто победи запишаа Бруклин, Портланд и Минесота.
Демар Дерозан стана третиот играч во историјата на Торонто кој на еден натпревар постигнал најмалку 50 поени. Против Милвоки тој постави рекорд на франшизата, постигна 52 поени, еден повеќе од Винс Картер и Теренс Рос.
Ол стар играчот ги постигна првите девет поени за својот тим, полувремето го заврши со 21 коша, а со реализираните слободни фрлања на 37 секунди до крајот на мечот го израмни резултатот на 114:114 и избри продолженија.
Во дополнителното време уфрли шест поени во низа и ја режираше серијата 10:3 со кои Торонто се одлепи на недостижни 127:120.
Дерозан поддршка доби од својот партнер во бековската линија Кајл Лаури кој уфрли 26 поени.
Милвоки го предводеа Ерик Бледсо со 29 поени, 7 скока и 4 украдени топки, односно Јанис Адетокумбо со 26 поени, 9 скока и 7 асистенции.
Продолженија се играа и во Чикаго каде Портланд ги победи Булси 124:120. Клучен играч беше Си-Џеј Мекалум кој уфрли 32 поени, 25 од нив постигна во второто полувреме. Мекалум поддршка во нападот доби од Ал Фарук Амин (24 поени, 7 скока) и Еван Тарнер (22 поени, 6 асистенции).
Кај Чикаго седум кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Крис Дан со 22 коша.
Минесота немаше проблем со ЛА Лејкерс славеше со 114:96. Карл-Ентони Таунс со 16 поени и 13 скока, односно Џими Батлер со 28 поени го предводеа тимот до шестата победа на последните седум натпревари.
Бруклин во израмнет натпревар успеа да слави над Орландо 98:95. Алан Краб со 16 и Крис Лаверт со поен помалку беа најзаслужни за 14.победа на Бруклин.