Кошаркарската легенда Мајкл Џордан изјавил дека моменталната распределба на силите во НБА лигата им одговара само на мал број на тимови.
Поранешната ѕвезда на Чикаго Були и според многумина најдобриот во историјата на оваа игра, сега е сопственик на НБА тимот Шарлот Хорнетс.
„Гледајќи од натпреварувачка страна мислам дека на НБА лигата ќе и биде нанесена штета. Ќе имаме еден или два тима кои ќе бидат брилијантни, а останатите 28 ќе бидат ѓубре. Ако не ќе имаат проблеми да преживеат во деловното окружување“, рекол Џордан.
Последните неколку сезони во лигата доминираат Голден Стејт Вориорс и Кливленд Кавалирс поради што во САД често се поставува прашањето дали и во иднина овие два тима целосно ќе доминираат во лигата.
Очекувањата се дека и оваа сезона за титулата ќе се борат Голден Стејт и Кливленд, а мали шанси дека можат да стигнат до финалето има се даваат на Оклахома, Хјустон и Бостон.
Џордан проговорил и за вечната дилема кој е најдобриот на сите времиња.
„Никогаш не сум играч против Вилт Чембрлен или Џери Вест. Да се каже дека некој е подобар од другиот едноставни не е фер. Јас шест пати бев шампион, а Бил Расел 11 пати. Дали е Расел подобар од мене или јас од него? Не, бидејќи игравме во различни пероди“, заклучил Џордан. н.ц.