Top Sport

Диксон го продолжи договорот со Фенербахче

Боби Диксон или Али Мухамед, неколку дена пред својот 36 роденден, го продолжил договорот со кошаркарскиот клуб Фенербахче.

Американецот со турски пасош, во понеделникот, го ставил својот потпис на новиот две годишен договор. Диксон во Фенербахче ќе остане до 2021 година.

„Тој е еден од најзначајните играчи во клубот“, стои во клупското соопштение.

Оваа сезона Американецот има просек од 9,3 поени, 2,3 асистенции и 1,8 скока во Евролигата.

Scroll to Top