Канаѓанецот Дилан Енис, кошаркар на Црвена звезда, доби српско државјанство. Решението за прием на Енис во книгата на државјани на Србија го потпишала премиерката Ана Брнабиќ на 6.февруари.
Дилан Енис е роден на 26. декември 1991 година во Торонто, а настапувал за колеџите Рајс, Вилјанова и Орегон. На почтокот на декември минатата година тој потпиша две и пол годишен договор со Црвена звезда. Претходно го носеше дресот на Мега Бемакс.
Енес е само еден од неколкуминатат кошаркари кои побарале и добиле државјанство на Србија. Претходно српски пасоши имаат добено поранешните играчи на Црвена звезда, Американците Демаркус Нелсон и Чарлс Џенкинс, како и екс играчот на Паризан Амир Врабац.