Top Sport

Димитријевиќ го има третиот најдобар потег во Шпанија (Видео)

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ го има третиот најдобар потег оваа сезона во шпанската АЦБ лига.

Шпанците не го заборавија начинот на кој Димитирјевиќ најпрвин го исфрли од игра Малком Дилејни од Барселона, а потоа ја положи топката во кошот.

Димитирјевиќ зад себе има одлилан сезона во дресот на Хувентуд, а шпанските медиуми најавуваат дека тој ќе има нов клуб наредната сезона. Се шпекулира дека за неговите услуги се заинтересирани Валенсија и Барселона.

Инаку најдобриот потег оваа сеозна го има Американецот од Уникаха Џош Адамс.

Scroll to Top