Дино Раѓа пред влегувањето во Куќата на славните на кошарката, преку Фејсбук објави неколку анегдоти и интересни приказни за луѓето кои ја одбележаа неговата блескава кариера, а сега дојде време и на Владе Дивац, неговиот поранешен колега од репрезентацијата на Југославија.
Приказната околу Дивац и Дражен Петровиќ е толку добро позната што за неа се сними и документарен филм на ЕСПН (ако не сте ја погледале, побарајте ја!), но со Раѓа, за разлика од односите со Петровиќ, Дивац никогаш не бил во конфликт.
„Владе Дивац. Од првите контроли на перспективните кошаркари под водство на Русмир Халиловиќ, нешто кликна и остана така до денес. Секогаш ми бил мерило – некој од кого морам да бидам подобар и некој кој ме турка напред. Мислам дека двајцата имавме величенствени кариера и дека местото му е во Куќата на славните. Прашање е кога тој ќе биде во Куќата на славните со Тони Кукоч, а јас ќе се радувам најмногу“, почнува Раѓа.
По ова тој се потсетува на легендарните почетоци на кариерите.
„Голем талент за кого сите се тепаа. Кога дојде во Партизан почнаа легендарните дуели со Сплит. Секогаш бил големо дете и во главата имаше само заебанции. Се сложувавме на и надвор од теренот. Се знаевме во душа. Еден скока, другиот трча. Со Тони и Дражен игравме до крај, и двајцата бевме меѓу првите модерни центри кои трчаат како бекови. Дел од нашите ’пиздарии’. Славното Југо 45. Кога ќе дојдев во Белград, тој ќе ми го оставеше пред хотелот со клуч во брава. Еднаш одевме на подготовки во Пирот, и не знам зошто касневме. 18-19 години. Автото шкрипи, јас го прашуваш што е, тој вели не знам. Возиме неколку часа и го наговорив да отидеме во сервис, и мајсторот ни вика: ’Вие не сте нормални, кочници нема, ќе изгиневте’. На подготовки, тој оди во ВЦ по ручек со цигарата, јас читам, и влетува Пешиќ и вреска: ’Кој пуши тука?’. Си мисли тој ќе се крие, овој од ВЦ вика: Јас сум! Пешиќ шокиран си заминува. Дики, фала на сѐ, уживав играјќи заедно и поради тебе сум подобар човек“, напиша Раѓа.