Дирк Новицки, според многумина најдобриот европски кошаркар на сите времиња, изминатата ноќ стана шестиот играч во историјата на НБА лигата со одиграни 50.000 минути.
Новицки на мачот против ЛА Клиперс во кој неговиот Далас беше поразен 101:104 влезе одбраното друштво во кое се Карим-Абдул Џабар, Карл Мелоун, Кевин гарнет, Џејсон Кид и Елвиј Хејс.
Легендарниот Германец ја игра својата 20. сезона во дресот на франшизата од Тексас. Тој оваа година стана шестиот играч во историјата кој постигнал најмалку 30.000 поени, а оваа сезона во оваа „екипа“ се приклучи и Леброн Џејмс.
Исто така Дирк е единствениот Европеец кој може да се пофали дека бил МВП во најсилната лига во светот, а исто така е сопственик на речиси сите рекорди на Далас. Новицки е еден од 11. играчи кои во иста сезона биле МВП на регуларниот дел и големото финале.
Инаку Дирк вечерта во Лос Анџелес ќе ја памети и по гафот кој го направи клупскиот економ, кој за овој натпревар погрешно му го испечатил презимето на дресот – „Nowitkzi“.
„Речиси секогаш го проверувам дресот пред да го облечам, а овој пат не забележав ништо. Се случува, а може да с екаже дека ова на совршен начин ни ја опишува сезоната.