Кошаркарот на Мемфис Гризлис Џа Морант е прогласен за руки на сезоната во НБА лигата. Морант е првиот играч на Мемфис по Пау Гасол кој ја добил оваа награда. Шпанецот беше руки на сезоната 2001/2002.
Морант в гласањето добил 99 гласови од новинарите кои ја следат НБА лигата. Второто место му припадна на бекот на мајами Хит Кендрик Нан, а трет беше крилниот центар на Њу Орлеанс Пеликанс, Зајон Вилијамсон.
Својата прва сезона во НБА лигата Морант ја заврши со просек од 17,6 поени, 6,9 асистенции и реализација од поле од 49,1 отсто.
Морант го собори руки-рекордот од 11 дабл-дабл настапи, а забележа и еден трипл-дабл, против Вашингтон на 9.февруари (27 поени, 10 скока, 10 асистенции).
Овој играч беше најдобар стрелец и асистент на Мемфис оваа сеозна.