Кошаркарите на САД со многу моќен тим ќе настапат на ОИ во Токио ова лето. Своето учество во Токио го потврди и ѕвездата на Бруклин Нетс – Џејмс „брадата“ Харден.
Освен него, во главниот јапонски град ќе продефилираат играчи од профилот на Дрејмонд Грин, Кевин Дурант, Дејвин Букер, Џејсон Тејтум, Дејм Лилард и Бредли Бил.
Потврдено е дека на Олимпијадата ќе учествува и Бем Адебајо, а поради повреда нема да биде во составот на Американецот одличниот Донован Мичел.
Меѓу отпишаните е и Кајри Ирвинг, а од претходно е познато дека „езерџиите“ Леброн Џејмс и Ентони Дејвид нема да бидат во составот.
Засега останува отворено прашањето дали селекцијата на САД ќе биде засилена со Стеф Кари.