Четири натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Ноќта ја обележа ветеранот на Сан Антонио Спарс, Ману Џинобили, кој стана вториот 40-годишник во историјата на лигата кој на две средби по ред постигнал најмалку 20 поени.
Највозбудливиот натпревар го одиграа Портланд и Сан Антонио, а беше решен на шест секунди до крајот кога Си-Џеј Мекалум ги постигна поените за победа на Трејлблејзерс 111:110. Во последната секунда Ламаркус Олдиџ не реализира шут за победа на спортивната страна.
Блескаше 40-годишниот ветеран на Сан Антонио, Ману Џинобили кој постигна 26 поени и стана првиот играч по Мајкл Џордан кој на оваа возраст на две средби по ред постигнал најмалку 20 кошеви.
Портланд го предводеа Мекалум со 25 поени и Јусуф Нуркиќ со 17 поени и 13 скока. Кај Сан Антонио најефикасен беше Олдриџ со 30 поени и 14 скока.
Расел Вестбрук го забележа 93.трипл-дабл во кариерата, но тоа не беше доволно Оклахома да го избегне поразот од Феникс 114:110.
Вестбрук имаше учинок од 26 поени, 11 асистенции и 10 скока, што е негов 14.трипл-дабл во сезоната. Феникс го предводеа Девин Букер со 26 поени и 11 асистенции, односно Ти-Џеј Ворен со 23 поени.
Далас загуби од Њујорк 96:100, во меч во кој доминираше Летонецот Кристапс Прозингинс. Летонецот имаше учинок од 20 поени и 8 скока, а Турчинот Енес Кантер го следеше со 13 поени и 18 скока. Херисон Барнс со 25 поени беше најефикасен во редовите на Далас.
ЛА Лејкерс до 12.победа вос езоната дојдоа со победата 132:113 над најлошиот тим во лигата Атланта. Најдобар кај „езерџиите“ беше Брендон Инграм со 20 поени, додека Атланта ја предводеше Денис Шрудер со 27 поени.