Секоја нова епизода од документарниот филм „Последниот танц“, посветен на последната сезона која Мајкл Џордан ја одигра во Чикаго Булс, открива нови детали од соблекувалната на Булс.
Во осмата епизода, во една сцена, на удар на Ем-Џеј е Тони Кукоч. Додека Џордан ги врзува врвките на патиките со ироничен тон му се обраќа на Кукоч.
„Тони ти не беше тука кога јас ги носев овие патики. Беше бебе?, прашува Џордан.
„Која година беше тоа?“, со прашање му возвраќа Кукоч.
„1984, тогаш имаше 12 години“, му вели иронично Џордан иако знае дека Кукоч е роден во 1968 година.
„Тони тогаш уште бил во пелени“, дофрла некој од страна, а останатите се смејат на таа шега.