Легендарниот Мајкл Џордан во својата богата кариера многу пати и поместувал границите, многумина се обидуваа да го имитираат, а пред натпреварот во забивање на Ол стар викендот во „неговиот“ Чикаго тој открил кое забивање оставило најголем впечаток кај него.
„Најневеројатното забивање што сум го видел некогаш го изведе Винс Картер кога по забивањето се обеси за обрачот и се задржа со лактот. Мислам дека тоа едноставно беше неверојатно“, рекол Џордан.
Забивањето кое оставило толку силен впечаток врз Џордан, Винс Картер го изведе на Ол стар викендот во 2000 година кога и победи во натпреварот во забивање.
Картер (40) ја игра последната сезона во кариерата. Тој осум пати учествувал на ол стар натпреварот, а во 2000 година со САД го освои златниот медал на ОИ во Сиднеј.