Кошаркарот на Реал Мадрид, Џордан Мики, имаше монструозно забивање во мечот со Тенерифе во третото коло, во АЦБ лигата.
Мики летово од Химки пристигна во Реал, а во кариерата играл за Бостон Селтикс и Мајами Хит во НБА-лигата. Тој против Тенерифе изведе потег што ретко се гледа и во НБА лигата, потег кој потсети на славните денови на Мајкл Џордан.
Во контра-напад Мики се одрази од линијата за слободни фрлања и ја заби топката во кошот.