Кошаркарската легенда Мајкл Џордан со интересно видување за социјалните мрежи.
Фејсбук, Твитер, Инстаграм и останатите друштвени мрежи секој ден ги користат милијарди луѓе. Во НБА светот најпопуларна платформа е Твитер, со оглед на тоа што таму се објавуваат сите најважни информации во врска со кошаркарите на најсилната светска лига.
„Тајгер Вудс помина низ тоа, а јас како Мајкл Џордан не знам дали би преживеал во ова `Твитер време` во кое буквално немате ни трошка приватност. Нешто наизглед неинтересно секогаш може да биде на погрешен начин интерпретирано“ – вели „М-Џеј“.
Во времето кога тој настапуваше во НБА друштвените мрежи кои денеска се опсесија не ни постоеја, а интернетот беше во почетна фаза.
Познато е колку животот на Џордан е контроверзен, па замислете тогаш да постоеја сите овие работи кои сега ги опкружуваат НБА ѕвездите.