Мајкл Џордан, според многумина најдобриот во историјата на кошарката, никогаш не ја криел својата страст кон голфот. Ова му стана главено хоби откако ја заврши кариерата, но малку е познато дека тој е одличен во риболовот.
На турнирот во Морхед Сити Џордан со својата посада уловил риба сабјарка тешка 200,6 килограми.
Импресивниот подвиг на Џордан и посадата не бил доволен ниту за пласман во најдобрите три посади. На првото место завршила посадата која уловила сабјарка тешка 224 килограми.
Натпреварот ќе треа и утре, Џордан и посадата имаат шанси да завршат меѓу најдобрите три посади.
Победникот на овој турнир ќе заработи милион долари.