Top Sport

Џорди Бартомеу: Замислете ја Португалија без Роналдо или Аргентина без Меси

Првиот човек на Евролигата, Џорди Бартомеу, на интересен начин објасни како ќе изгледа кошарката доколку ФИБА и Евролигата не ги усогласат натпреварувачките календари.

Бартомеу рекол дека во фудбалот е невозможно да се замислат национаните тимови без најголемите ѕвезди, односно Аргентина да биде без Лео Меси, а Португалија без Кристијано Роналдо.

Според него така ќе изгледаат кошаркарските репрезентации доколку ФИБА и понатаму тера по свое и не сака да одговори на барањата на националните Сојузи, Евролигата и другите натпреварувања.

„Покрај игнорирањето на барањата за договор со клубовите, ФИБА го игнорира и постоењето на третата страна, НБА. Во САД играат 108 интернационалци, а ниту еден од нив нема да игра во квалификациите. Тое е неприфатливо“, рекол Бартомеу во интервју за „Кориере дела Сера“, констатирајќи дека нивото на кошарката нема да биде ист.

„Замислите ја во фудбалот Португалија без Кристијано Роналдо или Аргентина без Лионел Меси. Токму тоа ќе се случи во кошарката. Репрезентациите ќе играат квалификации без најдобрите играчи, што ќе го намали квалитетот на натпреварите“, рекол Бартомеу.

ФИБА, смета Бартомеу, на овој начин ги дели играчите во две категории.

„На пример, во Италија Данило Галинари се смета дека е играч од А степен, бидејќи не е обврзан да го прифати повикот на националниот тим, а Луиџи Датоме ќе биде Б степен и ќе биде третиран како негативец доколку не го прифати повикот од репрезентацијата. ФИБА не ги третира играчите на ист начин и тоа исто така е неприфатливо“, појаснува првиот човек на Евролигата.

Тој исто така го посочил примерот со специјалните покани, објаснувајќи дека и ФИБА како и Евролигата размислува за бизнисот.

„ФИБА вели дека Евролигатата мисли само на бизнисот? Да објаснам една работа. Доколку Франција или Шпанија не се квалификуваат за Светското првенство, дали навистина мислите дека ФИБА нема да испрати специјални покани и од сето тоа да заработи пари од националните Сојузи? За што ние тука разговараме?“, рекол Бартомеу.

Scroll to Top