Сосема очекувано, крилниот центар на Њујорк Никс, Џулиус Рендл, ја доби наградата, која НБА му ја доделува на играч кој најмногу напредувал во една сезона. Наградата МИП (Most improved player), ја доби пред Мајкл Портер јуниор и Џемерми Грент.
Поранешниот играч на ЛА Лејкерс, сезонава ги однесе Њујорк Никс до плејофот. Во првата рунда Никс играат против Атланта Хокс.
Рендл сезоната ја заврши со просек од 24,1 поени, 10,2 скока и шест асистенции. Тој е првиот играч во историјата на Њујорк кој во просек бележел повеќе од 25 поени, 10 скока и пет асистенции.
Рендел, ја предводеше лигата според времето што го минал на теренот. Во просек по натпревар тој играл 37,6 минути.