Сан Антонио Спарс и Торонто Репторс се на чекор до реализицијата на еден од најинтересните трејдови во последните неколку години, во НБА лигата.
Како што тврди „ЕСПН“, двете франшизи ќе ги разменат своите најдобри кошаркари, Каваи Ленард и Демар Дерозан.
Ленард е најбараниот кошаркар во мометов, во НБА лигата. Тој цела сезона го искажува незадоволството и желбата да замине од Сан Антонио. Иако како негова прва опција беше потенциран тимот на ЛА Лејкерс, сепак тој ќе заврши во Канада.
МВП на финалето во 2014 година со Сан Антонио има договор уште една година, додека Дерозан има обврска кон Торонто и во наредните три сезони.
Кога наредното лето Ленард ќе стане слободен играч, Торонто ќе може да му понуди пет годишен договор вреден 190 милиони долари. Од друга страна Дерозан до крајот на својот договор со Репторс ќе заработи 83 милиони долари.