Кошаркарите на Фенербахче во градското дерби го совладаа Бешикташ 74:73. Натпреварот, на две секунди до крајот го реши Боби Диксон.
Фенербахче и против Бешикташ ги повторни слабостите кои се присутни оваа сезона. Избраниците на Жељко Обрадовиќ за малку ќе направеја од готово вересија.
Тие во последните пет минути влегоа со предност од 17 поени, но со почетнички грешки им дозволија на противниците да дојдат до предност 73:72 на 16 секунди до крајот. Потоа Диксон од тешка позиција успеа да погоди и на Фенер да им ја донесе 16 победа во 21 меч во турското првенство оваа сезона.