Top Sport

Доминација на „Грик Фрик“ против Филаделфија

„Грик Фрик“ Јанис Адетокумпо имаше уште една доминантна партија и беше најзаслужниот за победата на Милвоки надФиладелфија 107:95. За разлика од Адетокумпо српскиот центар Никола Јокиќ не успеа да го спречи поразо на Деневер од Бостон 110:111.

Милвоки ја продолжи агонијата на Филалдлефија чии играчи немаат победа на последните девет натпревари. Адетокумпо доминираше на овој меч со 31 поен, 18 скока и 6 асистенции. Филаделфија ја предводеше Дарио шариќ со 19 поени, три повеќе од Бен Симонс.

Денвер успеа да надомести негатива од 20 поени против Бостон, но на крајот готите сепак триумфираа во Колорадо. Српскиот центар Никола Јокиќ предводеше група од уште пет играчи на Денвер кои постигнаа двоцифрен број на поени. Натпреварот го заврши со 24 поени, 11 скока и 5 асистенции. на 20 од последните 40 натпревари Србинот остварил „дабл-дабл“.

Кајри Ирвинг за Бостон псотигна 27 поени, кој победи со тројката на Џејлен Браун.

На другите натпревари Атланта ја победи Минесота 105:100, Мајами славеше во дуелот со Далас 95:88, а Индијана немаше проблемми со Шарлот 105:96.

Scroll to Top