Top Sport

Дончиќ: Дебел сум

Кошаркарите на Далас Маверикс, изминатата ноќ, го забележаа осмиот пораз на последните десет натпревари. Маверикс загубија од Бруклин Нетс 99:102. Лошиот шут за три поени придонесе за поразот на Маверикс. Дончиќ и екипата погодија само девет тројки од 46 обиди.

Лука Дончиќ натпреварот го заврши со 28 поени, погоди три тројки од 11 обиди. По завршувањето на натпреварот признал дека има проблем со прекумерната телесна тежина.

„Бев бавен на теренот. Морам да ја намалам тежината. Знам дека луѓето зборуваат дека сум дебел. Имав напорно лето. Играв на ОИ, потоа зедов три недели одмор и се опуштив. Морам да се вратам во форма“, рекол Дончиќ.

Дончиќ на подготовките на Далас, по летниот одмор, пристигнал со 117 килограми и покрај тоа што неговата идеална тежина е 104 килограми.

Scroll to Top