Top Sport

Дончиќ дебитираше за Далас, Јокиќ го доби дуелот со Марјановиќ (Видео)

Тренерот што ја однесе Словенија до европската титула, Игор Кокошков и еден од главните играчи во таа репрезентација Лука Дончиќ, дебитираа во НБА лигата. Изминатата ноќ внимание привлече и дуелот на центрите од Србија, Никола Јокиќ (Денвер Нагетс) и Бобан Марјановиќ (ЛА Клиперс), како и дебито на Демар Дерозан и Кавај Ленард за своите нови тимови.

Игор Кокошков, со победа дебитираше на клупата на Феникс Санс. Неговиот тим славеше со 121:100 над Далас Маверикс. Тимот на Феникс го предводеше Девин Букер со 35 поени. Букер, кој летово потпиша договор со Феникс вреден 158 милиони долари, во последните седум минути постигна 19 поени.

Одлично деби за Феникс имаше и првиот пик на драфтот Деандре Ејтон (18 поени, 10 скока и шест асистенции).

На спротивната страна Лука Дончиќ, во својот прв официјален натпревар имаше проблеми со шутот. Словенецот погоди само пет од 16.обиди, а натпреварот го заврши со 10 поени, осум скока и четири асистенции.

Денвер Нагетс убедливо славеа во дуелот со ЛА Клиепрс 107:98. Никола Јокиќ ги предводеше Нагетс со 21 поен, осум скока и пет асистенции. Двоен ефект оствари Пол Милсап (11 поени, 16 скока), додека Гери Херис постигна 20 поени.

Бобан Марјановиќ кај Клиперс на теренот мина 18 минути и успеа да постигне 18 поени. Најефикасен кај поразените беше Тобијас Херис со 19 поени.

Сан Антонио Спарс, во драматичен меч, славеа во дуелот со Минесота Тимбервулфс 112:108. Новиот играч на Спарс, Демар Дерозан, го реши мечот во поседните 30 секунди. Тој најпрвин погоди за два, а потоа постигна поени и од линијата за слободни фрлања.

Дерозан натпреварот го заврши со 28 поени, а покрај него кај Спарс се истакнаа Ламаркус Олдриџ (21 поен, 19 скока) и Руди Геј (18 поени).

Тимот на Минесота го предводеа Џеф Тиг со 27 и Џими Батлер со 23 поени.

Торонто Репторс ги победија Кливленд Кавалирс 116:104. Најефикасен на мечот беше Кајл Лаури со 27 поени, а најдобар нвиот играч ан Репторс Каваи Ленард со 24 поени, 12 скока и две асистенции.

Кај Кливленд блесна Чеди Осман, иако најефикасен со 27 поени беше Кевин Лав. Момчето родено во Охрид го одигра најдобриот меч за Кливленд откако минатата сезона му се приклучи на тимот (17 поени, 10 скока, четири асистенции, две украдени топки).

Резултати:

Шарлот Хорнетс-Милвоки Бакс 112:113
Детроит Пистонс-Бруклин Нетс 103:100
Орландо Меџик-Мајами Хит 104:101
Индијана Пејсерс-Мемфис Гризлис 111:83
Сакраменто Кингс-Јута Џез 117:123

Scroll to Top