Top Sport

Дончиќ ги загуби нервите (видео)

Големата надеж на словенечката кошарка, Лука Дончиќ покажа едно поинакво издание во дуелот од Евролигата меѓу Реал Мадрид и Валенсија, „дивеејќи“ додека неговиот тим стигна до победа.

По остар дуел кога повреди играч, тој доби неспортска лична грешка, а потоа поради приговор доби и техничка, што значеше автоматско исклучување од мечот. По ова, 18-годишниот Дончиќ, кој се очекува да биде прв пик на НБА драфтот, клоцаше и удираше во тунелот во необично издание.

Реал Мадрид на крајот стигна до победа од 91:72 без услугите на „лутиот“ Словенец.

Scroll to Top