ЛА Лејкерс минимално ги поразија Далас Маверикс 114:113, со кошот на Леброн Џејмс постигнат од линијата за слободни фрлања на 2,1 секунди до крајот на натпреварот.
Поразот не бил пречка за Лука Дончиќ, по мечот да се упати кон соблекувалната на ЛА Лејкерс и да му го побара дресот на Леброн Џејмс.
„Секогаш го сакав неговиот дрес. Тоа е нешто посебно за мене. Со нетрпение го чекав овој натпревар. Во текот на натпреварот се договоривме да ми го подари дресот“, рекол Дончиќ кој дуелот го завршил со 14 поени, пет скока и седум асистенции.
One to win it. #LakersWin pic.twitter.com/rXyUogahV5
— Los Angeles Lakers (@Lakers) November 1, 2018
Леброн пред да го подари дресот на него напишал „тежнее го највисокото“ и не ја пропуштил можноста да подели комплименти за младиот Словенец.
„Европските играчи побргу напредуваат од американските. Дончиќ е најдобриот пример. Игра на професионално ниво од својата 15.година, што значи дека ова што се случува не е ништо ново за него. Најдобрата работа во европската кошарка е што своите играчи ги развиваат многу бргу“, рекол 33-годишниот Џејмс.
Дончиќ нова можност да се сретне со „кралот Џејмс“ ќе ја има на 1.декември кога Далас повторно ќе им гостува на Лејкерси.