Top Sport

Дончиќ го предводеше Далас – Маверикс ги победија Милвоки

Дуелот на Далас и Милвоки, односно на Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо ги обележа натпреварите во претсезоната, во НАБ лигата, кои се одиграат во текот на ноќта.

Далас, благодарение на добрата игра во последната четвртина, забележаа победа над Милвоки 128:112.

Дончиќ го предводеше Далас со 27 поени, 8 скока и 4 асистенции, додека Адетомумбо на спротивната страна имаше 24 поени, 14 скока, 4 асистенции.

Кај Далас уште се истакнаа и Ричардсон со 23 и Бросон со 11 поени, додека Јанис кај Милвоки доби помош од Мидлтон (13) и Портис (12 поени).

Њу Орлеанс, благодарение на 26 поени на Зајон Вилијамсон, славеа победа од 114:92 во дуелот со Мајами, во чии редови го немаше Горан Драгиќ. Вице-шампионите ги предводеше Тајлер Хиро со 17 поени.

Јута го победи Финикс 111:92, Кливленд ја совладаа Индијана 116:106, Мемфис славе победа над Минесота 123.104, а Торонто беа подобри од Шарлот 112.109.

Scroll to Top