Top Sport

Дончиќ ќе го пропушти НБА-драфтот каде што ќе биде прв пик?

Мајката на словенечката кошаркарска суперѕвезда Лука Дончиќ, Мирјам Потербин вели дека тој најверојатно нема да присуствува на НБА драфтот на 26 јуни во Бруклин.

Словенецот во петокот во Белград ја „сруши“ Црвена звезда, откако во одлична партија во која имаше 24 поени, постигна тројка на една секунда пред крајот за 82:79 победа на Реал Мадрид. Според многумина 19-годишниот Словенец е најголемиот талент во денешната кошарка, и би можел да биде прв пик на драфтот.

Меѓутоа, Потербин вели дека сезоната ќе биде првиот приоритет на нејзиниот син.

„Ако има четврти натпревар од финалето на плеј-офот, Лука нема да патува за САД. Но, ако сѐ се реши во три натпревари, тогаш Лука ќе биде во Бруклин“, изјави Потербин.

Ова би бил преседан – можниот прв пик на драфтот да не биде дел од спектаклот бидејќи мора да го доигра шпанското првенство.

Scroll to Top