Top Sport

Драгиќ 33 поени, Богдановиќ погоди клучна тројка, Вучевиќ блиску до трипл-дабл (Видео)

Голден Стејт Вориорс стави крај на мини серијата од два порази со триумфот над ЛА Лејкерс 117:106. Изминатата ноќ победи забележаа Сакраменто Кингс и Орландо Меџик.

Вориорс без тројца стартери (Стеф Кари, Клеј Томпсон, Дрејмонд Грин) ги совладаа „езерџиите“. Кевин Дурент го предводеше тимот со 26 поени, 5 скока и 6 асистенции. Кај Лејкерси се истакна Џулиус Рендл со 22 поени и 10 скока, два поени помалку постигнаа Брук Лопез и Ајзеа Томас.

Орландо Меџик славеше победа во пресметката со Милвоки Бакс 126:117. Триото на Меџик Симонс-Огастин-Вучевиќ го неутрализира улинокот на Јанис Адетокумбо и Крси Мидлтон.

Симонс постигна 35 поени, Огастин 32, а Црногорецот Вучевиќ беше на два чекори до трипл-дабл (22 поени, 9 скока, 9 асистенции). На спротивната страна Адетомунбо забележа 38 поени, 10 скока, 7 асистенции и 3 украдени топки, а Мидлтон постигна 22 поени.

Сакраменто Кингс по едно продолжение славеше над Мајами Хит 123:119. Кингс во последната четвртина испуштија предност од 16 поени.

Клучните поени на натпреварот ги постигна српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ на 64 секунди до крајот. Богдановиќ постигна тројка на 63 секунди до крајот со што на Сакраменто му донесе предност 119:115.

Србинот мечот го заврши со 14 поени и по 3 скока и асистенции.

Најефикасен кај Сакраменто беше Бади Хил со 24 поени. Овој играч погоди четири слободни фрлања во последните 20 секунди.

Мајами го предводеше најдобриот европски играч за минатата година, Горан Драгиќ со 33 поени, 22 постигна Вејн елингтон, а Џејмс Џонсон забележа 18 поени, 10 скока и 7 асистенции.

Scroll to Top