Кошаркарите на Полска ја совладаа Босна и Херцеговина со резултат 76:72 и се пласираа на завршниот квалификациски турнир за plasman на Олимписките игри во Париз.
Во многу драматична и неизвесна завршница на финалето на претквалификацискиот турнир во Гливице, Полјаците победија на домашен паркет бидејќи имаа повеќе нерви во завршница во која направија пресврт.
Босна и Херцеговина имаше водство од 64:60 кога следеше серија од 10:3 на Полјаците, а особено импресивна беше одбраната што го запре нападот на ривалот.
Најдобар играч на натпреварот беше Михал Соколовски со 16 поени, Александар Балчеровски додаде 14, а Матеуш Понитказабележа 10 поени, осум скока и пет асистенции.
Босна и Херцеговина ја предводеаАлександар Лазиќ постигна 16, Един Атиќ 15, поени, осум скока и девет асистенции. Иако беа двоцифрени, лош натпревар одиграа најголемите ѕвезди на БиХ, Јусуф Нуркиќ имаше дабл-дабл со 11 поени и 12 скока, а Џанан Муса постигна само 10 поени.