Иако Голден Стејт Вориорс синоќа го загуби третиот меч во финалната НБА-серија против Торонто, шампионите не се исплашени. Репторси водат со 2-1 во серијата до 4 победи, но играчот на „воините“ Дрејмонд Грин гледа позитивно сценарио за својата екипа.
„Ќе продолжиме да се бориме, ќе победиме во следниот меч, па ќе отидеме во Торинто, ќе победиме и таму, ќе се вратиме во Оукленд, ќе го добиеме шестиот натпревар и ќе ја прославиме титулата со нашите навивачи. Забавно време е пред нас“ – уверен е Грин.
Реално, шанса за три врзани победи Вориорси имаат ако во тимот се вратат Кевин Дурант и Клеј Томпсон. Дурант го нема на последните 8 меча поради повреда на ногата, а Томпсон синоќа првпат пропушта меч во последните 5 години колку што
Голден Стејт влегуваат во финале.
Целиот товар во нападот оди на грбот на Стеф Кари.
„Морав повеќе да му помогнам на Кари. Да одиграв подобро, мислам дека и овој меч ќе го добиевме. Клучно е тој да продолжи во ист ритам, да ние останатите да го следиме“ – вели Грин.