Грег Попович, селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, го објави поширокиот список на играчи за Светското првенство и Олимписките игри. На списокот на американскиот селектор има 35 имиња.
Легендарниот тренер на Сан Антонио Спарс на крајот ќе одбере 12 играчи кои ќе настапат на Светското првенство во Кина во 2019 година и ОИ во Токио една година подоцна.
Списокот на Американците делува застрашувачки, тука се најголемите ѕвезди во лигата: Леброн Џејмс, Стеф Кари, Кевин Дурент, Џејмс Харден…
„Иако немаме ниту едно натпреварување оваа година, овој список е првиот чекор кон одбраната на светското и олимписко злато. Првиот собир ќе го имаме од 25. до 27.јули во Лас Вегас“, рекол тим менаџерот Џери Коланџело.
Списокот на Грег Попович:
Харисон Барнс (Далас), Бредли Бил (Вашингтон), Девин Букер (Феникс), Џими Батлер (Минесота), Мајк Конли (Мемфис), Демаркус Казинс (Њу Орлеанс), Демар Дерозан (Торонто), Стеф Кари (Голден Стејт), Ентони Дејвис (Њу Орлеанс), Андре Драмонд (Детроит), Кевин Дурент (Голден Стејт), Пол Џорџ (Оклахома), Ерик Гордон (Хјустон), Дрејмонд Грин (Голден Стејт), Блејк Грифин (Детроит), Џејмс Харден (Хјустон), Тобијас Харден (ЛА Клиперс), Гордон Хејворд (Бостон), Кајри Ирвинг (Бостон), Леброн Џејмс (Кливленд), Деандре Џордан (ЛА Клиперс), Кавај Ленард (Сан Антонио), Демијан Лилард (Портланд), Кевин Лав (Кливленд), Кајл Лаури (Торонто), Си-Џеј Мекалум (Портланд), Ајзеа Томас (ЛА Лејкерс), Крис Мидлтон (Милвоки), Виктор Оладипо (Индијана), Крис Пол (Хјустон), Клеј Томпсон (Голден Стејт), Мајлс Тарнер (Индијана), Кемба Вокер (Шарлот), Џон Вол (Вашингтон), Расел Вестбрук (Оклахома).