Top Sport

Душко Ивановиќ трет пат на клупата на Басконија

Црногорскиот кошаркарски тренер Душко Ивановиќ повторно ќе работи во Шпанија. Ивановиќ спогодбено го раскинал договорот со Бешикатш и веднаш потпишал договор со Басконија.

Ивановиќ се соочуваше со отказ во Бешикташ бидејќи има клубот има само пет победи и осум порази во турското првенство, додека во ФИБА Лигата на шампионите црно-белите се на скор од три победи и шест порази.

Црногорецот на клупата на Басконија ќе го замени Велимир Перасовиќ кој доби отказ поради лошите резултати.

Ова ќе биде трет мандат за Ивановиќ на клупата на Басконија, претходно тој го предводел клубот од Виторија од 2000 до 2005 и од 2008 до 2012 година. Во претходните два мандати четири пати го освоил Купот на Шпанија, а во сезоната 2004/2005 играл финале во Евролигата.

Ивановиќ во 2009 година бил прогласен за најдобра тренер во шпанската АЦБ-лига.

Scroll to Top