Top Sport

Душко Вујошевиќ го блокира Партизан

Прославениот кошаркарски тренер Душко Вујошевиќ го блокира Партизан проади неисплатенте долгови што клубот ги има кон него. Станува збор за забрана за регистрирање на нови кошаркари од страна на Кошаркарскиот арбитражен суд (БАТ).

Белградскиот весник „Новости“ објави дека на адресата на партизан стигнала суспензијата поради несиплатениот долг од 113.000 евра кон поранешниот тренер.

Најуспешниот тренер во историјата на Партизан, во декември, го доби судскиот спор против Партизан и само прашање на време беше кога на клупската адреса ќе стигне забраната.

Ов е втора блокада на клубот во краток временски период, откако претходно сметката била блокирана поради долговите кон „Експо банка“.

Scroll to Top