Top Sport

Двејн Вејд ја среди Филаделфија (Видео)

Двејн Вејд му донесе победа на Мајами против Филаделфија 102:101. „Флеш“ потсети на своите најдобри времиња и поентираше преку човек на помалку од десет секунди до крајот на мечот.

Вејд, кој полека се ближи кон крајот на кариерата, на паркетот мина 25 минути и за тоа време постигна 27 поени. Најдобро го следеше Горан Драгиќ со 21 поен, 6 скока и 5 асистенции.

Во редовите на Филалделфија се истакнаа Џоел Ембид со 23 поени и 8 скока, односно Дарио Шариќ со 21 поен.

ЛА Клиперс запишаа важна победа во Колорадо над Денвер 122:120. Клуч за победата на Клиперси беше српскиот џин Бобан Марајновиќ кој за 15 минути постигна 18 поени, а имаше и 6 скока и 2 украден топки. Најефикасен кај тимот од Лос Анџелес беше Лу Вилијамс со 25 поени.

На спортивната страна Гери Херис со 23 поени, додека Никола Јокиќ постигна 18.

Израмнет натпревар одиграа Милвоки и Вашингтон кој заврши со победа на гостите 107:104. Бредли Бил со тројка на 59 секунди до крајот го реши победникот.

Бил го предводеше Вашингтон со 21 поен, а Ото Портер уфрли 17 поени. Кај Милвоки Јанис Адетокумбо постигна 23 поени на кои придодаде 11 скока, 8 асистенции, 6 блокади и 3 украдени топки.

Порталнд убедливо славеше во дуелот со Сакрамнето 116:99. Демијан Лилард со 26 поени и 12 аситенции се истакна кај победникот, а Вили Коли-Стајн запиша 17 поени и 10 скока за Скарамнето.

Шарлот го победи Чикаго 118:113. Кемба Вокер со 31 поен го предводеше Шарлот до петтата победа во низа.

Scroll to Top