Top Sport

Двете македонски екипи, со различни аспирации сезонава, на регионалната сцена

МЗТ Скопје Аеродром се пласира во следната фаза во АБА 2 лигата, со победата против Горица со 77:73 во рамките на вторто коло на турнирот што се одржува на Златибор. Со оваа победа, металците ја оправдаа улогата фаворит сезонава, во втората јадранска лига и докажаа дека аспирациите им се враќање во премиерната регионална конкуренција.

На истиот турнир, Работнички славеше против Хелиос со 66:67 за победа меѓу двете екипи кои се борат за избегнување на дното на табелата во БАА 2 лигата. Нашата најтрофејна екипа, сега е во ситуација да се концентрира на домашната сцена, затоа што на регионалната одамна ги загуби шансите за посериозни резултати.

Мечевите од АБА 2 лигата, може да ги следите во живо на Арена ТВ платформата, отсега достапна на А1 Македонија. Викендот на ТВ станицата со најбогата спортска понуда во регионот, ќе изобилува со многу кошаркарски возбудувања, од АБА2 лигата, шпанската лига, како и турнирот на младите надежи на Евролига, кој е последен пред финалниот што ќе се одржи од 27-ми до 30-ти во Келнза крај на сезоната.

Фото: АБА-лига

Scroll to Top