Грузиецот Гога Битадзе (19) кој во Евролигата настапуваше за Будиќност ја доби наградата наречена „Ѕвезда во подем“ во елитното кошаркарско натпреварување.
Битадзе, во текот на сезоната, од Мега Бемакс како позајмен играч пристигна во Будуќност, одигра 13 натпревари и го заслужи признанието за најдобар млад играч.
Тој доби најмногу гласови од тренерите, а сезоната ја заврши со просек од 12 поени, 6,4 скока и 2,3 блокади по натпревар.
Оваа награда Евролигата ја доделува од сезоната 2002/2003. Битадзе е првиот центар што ја добил наградата. Во изминатите три сезони лауреат бее Лука Дончиќ.
Во гласањето на тренерите зад Битадзе се пласираа Јовел Зосман од Макаби и Јоргос Папајанис од Панатинаикос.