Top Sport

Еден од најдобрите кошаркари на Макаби потпиша за Фенербахче

Кошаркарскиот клуб Фенербахче денеска соопшти дека потпишал повеќегодишен договор со играчот Бонзи Колсон.

Колсон пристигнува во Фенербахче од Макаби Тел Авив, каде ги мина последните две сезони.

Овој 28-годишен кошаркар минатата сезона во Евролигата имаше просек од 12,6 поени и 5,3 скока по натпревар. Во двете сезони му помогна на клубот од Тел Авив да стигне до плејофот на Евролигата и да ја освои израелската лига.

Фенербахче ќе биде трет турски клуб за Колсон во кариерата, бидејќи претходно настапуваше за Дарушафака и Каршијака.

Scroll to Top