Top Sport

„Ефес доживеа историска неправда“

Тренерот на кошаркарите на Анадолу Ефес, Ергин Атаман, смета дека неговиот тим доживеал „историска непрвада“. Ефес беше најдоминантниот тим во Европа минатата сезона која не го доживеа својот крај поради пандемијата на коронавирусот.

Анадолу Ефес во Евролигата го држеа првото место на табелата со две победи повеќе од второпласираниот тим, а беа лидери и во првенството на Турција.

„Анадолу Ефес е еден од тимовите кои доживеаја историска неправда. Ние бевме главни фаворити за титулата во Евролигата. Сите го мислеа тоа. Во тој момент беше легитимно натпреварите да не се играат, но кога ќе погледнете сега не постои ниту една причина зошто сезоната беше прекината и откажана. Погледнете што направија во НБА и во фудбалските првенства. Ни се случи голема неправда“, рекол Атаман и дополнил.

„Не гарантирам дека ќе бевме шампиони, но ако требаше да изгубиме можевме да изгубиме на кошаркарскиот терен“.

Scroll to Top