Евролигашот Анадолу Ефес на својата официјална интернет-страница потврди дека нов тренер на екипата е Ергин Атаман. Искусниот стратег потпишал едногодишен договор.
Атан третпат во кариерата стана шеф на стручниот штаб на Ефес. На клупата тој го наследи Велимир Перасовиќ, кој доби отказ поради лошите резултати. Ефес во Евролигата со скор од три победи и девет порази ја дели последната позиција со Милано и Валенсија, а во турското првенство има седум победи и четири порази.
Атмаман бил тренер на Ефес во два мандата (1999-2001 и 2008-2010). Тој изминатите пет години го предводеше Галатасарај и успеа да освои два трофеја, во турското првенство и во Еврокупот.
Како тренер работел и во Турк телеком, Пинар Каршијака, Монтепаски Сиена, Улкер, Болоња, Бешикташ, а бил и селектор на Турција.