Top Sport

„Ем-Џеј го знае моето име“

Најдобриот кошаркар во историјата, Мајкл Џордан, на Ол стар викендот во Кливленд, го поздрави Лука Дончиќ. Џордан во арената пристигнал на полувремето, бил расположен, полн со енергија. Разговарал дсо играчите, во еден момент го прегрнал Дончиќ.

Словенецот, по мечот, искрено одговорил дека не очекувал таков поздрав од најдобриот на сите времиња.

„Неверојатно, не знам како да го опишам моментот. Едноставно неверојатно. Ем-џеј го знае моето име, самото тоа е многу. Немам зборови да го опшиам тоа“, рекол Дончиќ.

 

Scroll to Top